Demir Hisar
•  Прва страна
•  Историја
•  Стари занаети
•  Стара архитектура
•  Манастири & цркви
•  Храна и пијалоци
•  Ловното друштво
 
•  Пријатели
•  Контакт
•  Импресум
 Храна и пијалоци

Демир Хисар има долга традиција за кулинарски јадења со кои може да се пофали. Низ вековите, многу цивилизации уживале на полодовите од плодната земја. Избегнувајќи ги негативните влијанија од урбанизацијата, Демир Хисар остана земјоделски центар во Македонија, препознатлив по прекрасните природни јадења кои се мешавина од турската и европската кујна.

Богат е со производство на месо, говеда, пилиња, свињи и јагниња и дивеч.

Како млеко производител, Демир Хисар е посебно познат по неговите бели сирења, како и јогурт и млеко. Секое село нуди уникатен и привлечен по вкус локален специјалитет. Така селото Жван е познато по производството на популарниот грав.
Традиционалната Демирхисарска кујна е комбинација со балканските и турските карактеристики, пренесени низ вековите под отоманското владеење. некои специајлитети како таратур (салата со јогурт и краставици), пинџур (салата со пиперки и патлиџани), и познатата баклава се карактеристични за Балканската кујна воопшто. Демирхисарски јадења се како тавче гравче (потпечен грав), шопска салата (салата со домати, краставици и кромид, со изрендано бело сирење), селско месо (свиснко месо со печурки), и над се ајвар (национално јадење од црвени пиперки).

Богатството на флората и автохтоните врсти на билки како капини, сливи, боровинки, малини, цреши и друго овошје, како и медицинските билки како мајчина душичка, мов, кантарион, камилица и др. го прават регионот препознатлив по тоа.

Локалните луѓе од селата ќе ви понудат специјалитети како зелник (пита со праз печена во вршник), бакрданик со пршки, печени пиперки на различни начини, печено месо на ќумур, речна пастрмка, кисела зелка, и многу др. Вие можете да ги пробате овие специјалитети во најблискиот ресторан или во ресторанот со рибник во с. Бабино.

News in English