|
Изобилието на варовник и квалитетен камен било добра основа во Демиерхисарско
низ вековите да се градат тврдини, дворци и убави куќи ѕидани со акмен уште во
времето на античка и средновековна Македонија. Градот Железник бил убавите и
значајните градски населби во времето на Македонското средновековно царство. За
убавите градби зборуваат материјалните остатоци од ѕидини направени од
обработуван камен итн. Има видна разлика на архитектурата во градбата на куќите
од селата на Горни и Долни Демир Хисар, не само по материјалот, туку и по
распоредот на собите, големината на прозорците и покривот. Во Горни Демир Хисар
куќите биле градени од камен а во рамнинскиот дел - полето биле градени од
непечена тула.

Во целото Демирхисарско подрачје куќите биле претежно на кат. Од влезната врата
се влегува во ходник (салон) а на левата и десната страна има по една соба. Од
ходникот дрвена скала води на катот каде исто така има две соби. Од горниот
ходник има врата за излез на балконот или чардакот.

Печалбарите од светот во своите родни села граделе големи куќи во современ стил,
со отворени чардаци и поголем број прозорци. Прозорците се големи и се од
влезната страна односно „лицето“ на куќата. Таа е свртена кон дворот или крај
патот а некои и кон средселото. Во распоредот на собите се чувствува влиајнието
на современата градба од светот. И во современите куќи не била изоставена
традицијата на македонската архитекура со балконите, чардаците, дрвените скали и
др. Во ѕидовите има вградени долапи со изведено изрезбани вратничиња, се
оставале камари и се правеле полици кои им служеле за кујнскипредмети. Во
планинските села влезната врата е поголема и од цврст дабов материјал. Таа се
затвота со големо дрво (сурме). Сурмето, десеттина сантиметри дебело, во текот
на денот било во ѕидот за кое емсто било направено уште при ѕидањето на куќата,
а навечер се тргало преку средианта на вратата и се прицврстувало на спротивниот
ѕид. Подоцна навечер вратата се затворала со железни канџи.
Во рамнинските села подолго време се задржало „одајчето“ кое единствено било за
гости или за младоженците, се задржало и огништето кое е вградено во самиот ѕид,
на него висел синџир за обесување на котлиња над самиот оган. Огништата негде се
соѕидан, заоблени и убаво изведени, се доближуваат до денешните огништа (камини).
Во собата со огниште се собирало целото семејство за време на јадењето или
студените и врнежливи денови. Се спиело на ругузина. Ретки биле чардаците а
прозорците биле мали, по еден на соба а ретко по два.
Кровот на куќите бил од дрвена конструкција, покриени со ржаница, ќерамиди, а во
селата каде има камен, покривот бил и од камени плочки.
Во селото Железнец, куќите се слични, со раскошни чардаци, дрвени скали и
балкони, и ѕидани со камен. Низ минатите векови во рамнинските села се граделе
од плитари а подоцна ги граделе од камен. |